Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Системски слабости во ДИК утврди ревизија

/

пред 197 дена

Сподели преку :

Државниот завод за ревизија денес го објави Конечниот ревизорски извештај за Државната изборна комисија.

Ревизорите ги утврдија следниве состојби: Пописот на средствата и обврските не е извршен на начин пропишан со закон, не е извршена процена на вредноста на дел од недвижностите.

Планирањето и одобрувањето на средствата за спроведување на изборите во 2024 година не се врши согласно законски утврдениот сооднос.

Ненавремено и некомплетно доставување на потребната документација за трошоците за спроведените изборни дејствија на изборните органи.

Набавени се стоки и услуги за кои не е спроведена јавна набавка. а детектирана е и недоследна примена на одредбите од Законот за јавни набавки во одредени постапки.