Данците денеска излегоа на гласање на општите избори, а премиерката Мете Фредериксен се обидива да добие трет мандат на чело на скандинавската земја по спорот со американскиот претседател Доналд Трамп околу иднината на полуавтономната територија на кралството Гренланд.
Повеќе од 4,3 милиони луѓе имаат право да го кажат своето мислење на гласањето за новиот Фолкетинг, или парламент, во Копенхаген, кој се избира со мандат од четири години. Фредериксен ги распиша изборите минатиот месец, со надеж дека нејзиниот решителен имиџ во кризата околу Гренланд ќе ѝ помогне кај гласачите. Претходно нејзиниот рејтинг имаше пад поради зголемените трошоците за живот и потенцијалниот данок на богатство.
Четириесет и осум годишната централно-левичарска социјалдемократка е позната по силната поддршка на Украина во нејзината одбрана од руската инвазија и по рестриктивниот пристап кон миграцијата. Обидувајќи се да се спротивстави на притисокот од десницата и укажувајќи на можен пораст на миграцијата поради војната во Иран, Фредериксен овој месец објави предлози кои вклучуваат потенцијална „итна сопирачка“ за азил и построги контроли врз илегалците.
Нејзината влада веќе откри план за да се овозможи депортација на странци кои се осудени на најмалку една година затвор за сериозни кривични дела. Таа има двајца ривали на изборите, едниот е министерот за одбрана во нејзината влада, а другиот е опозициската Либерална алијанса.
T.Д.











