Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Станков: Македонија нема лиценциран мртвопроверител, сите земји околу нас имаат таква служба

/

пред 197 дена

Сподели преку :

Македонија нема лиценциран мртвопроверител, вообичаено се користат лекари од Итната медицинска помош, сите земји околу нас имаат мртвопроверителна служба, истакна доктор Александар Станков, директор на Институтот за судска медицина, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на Телма ТВ.

„Мртвопроверителна служба треба да има секоја држава. Порано, како дел од Југославија, постоеше таа служба од редовите на лекарите кои што работат во Итната медицинска помош, во здравствените установи. Меѓутоа, секој лекар не сака да го работи тоа и секој лекар не сака континуирано да оди со полицијата, со обвинителството, во тоа време со истражните судии, да прегледува починати лица“, вели доктор Станков.

Во рамки на законот за здравствена заштита, додада Станков, се вметнаа неколку членови кои предвидуваат формирање на мртвопроверителна служба, материја која потоа се уредила со Правилник од министерството за здравство.

„Тоа се направи мислам во 2018 година. Се одржаа две обуки, првично во 2018 година и во 2019 година и уште една обука се одржа во 2022 година. Меѓутоа, дојде онаа несреќна пандемија со корона, мислам дека се заборави формирањето на таа служба. Законот е многу прецизен, убаво предвидува… Лекарите кои завршија едукција, треба да се изврши проверка на знаењето. Тоа не се направи, не се изврши проверка на знаењето и не им се дадоа лиценци“, рече доктор Станков.

С.Д.