Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Објектот на „Пулс“ не бил за диско, туку за лесна и незагадувачка индустрија

/

пред 202 дена

Сподели преку :

Објектот во коj била сместена дискотеката „Пулс“ каде во пожар згаснаа 63 животи, а над 200 беа повредени бил за лесна и незагадувачка индистрија и не била направена пренамена на објектот потврди сведокот Драги Илијевски раководител на одделние за уредување на градежно земјиште во општина Кочани. Тој кажа дека на барањето на Дејан Јованов и фирмата „Класик ДМ“ во октомври 2012 општината првично им одговорила дека тоа паркирашлиште е за лесна и незагадувачка индустрија па може да го користат и тие. Тогашниот градоначалникот Ратко Димотровски слушнал дека таму треба да има диско па го поништиле решението. Во меѓувреме реаграле и кај други институции.

„Поднесовме барање до Министерството за економија за информација дали на компанијата „Класик ДМ “ ѝ е издадена лиценца за дискотека на 19.10.2012 година. По поднесувањето на барањето, почекавме одреден период за одговор но не добивме . Во договор со градоначалникот,на 6.11.2012 поднесов барање до ДПИ да не се издава лиценца за дискотека . Причините се дека овие паркинг места се наменети за лесна индустрија и се предвидени за тешки и лесни товарни возила, а капацитетот не е доволен“, изјави сведокот Драги Илијевски.

Обвинителот прашуваше и зошто општината не направила инспекција кога имале сознаија дека ќе има ноќен клуб, а сведокот одговори дека од надвор не се забележувало дека има градежни активности на тој објект. За тоа зошто не реагирале ниту откако „Пулс“ почнала со работа рече дека неговиот сектор немал ингеренции.

Овој сведок 2 ипол часа одговараше на прашања, а одбраната имаше многу приговори и забелешки. Одбраната даде согласност да се повлечат 6 од 13 сведоци колку што планираше обвинителството. За останатите сметаат дека сведочеле во корист на дел од обвинетите.

Обвинителот Дарко Јакимовски предложи за да не се одолговлекува судењето да се прочитаат нивните искази дадени во обвинителството. Потенцираше дека тоа што дел од нив спасувале за време на пожарот не е негација на крицичното делот а клучно е прашањето како дошло до тоа да спасуваат.

Еден од адвокатите ја информираше судијката дека и до новиот обвинител Савески доставиле иницијатива зап реиспитување на обвинението.

Елена Ивановска Мукоска

Дигитална обработка: Т.Д.