Конгресот на СДСМ на 7 јуни ќе биде чисто програмски, најави лидерот на партијата, Венко Филипче во интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма.
„Пред тој состанок на 7 јуни, ќе има меѓународен состанок на 6 јуни со сестринските партии од регионот на кој ќе потпишеме заедничка Декларација за европска интеграција на регионот, борба против корупцијата и борба против авторитарните режими. Практично предизвици со кои сите сестрински партии, социјалистички и социјадемократски, се соочуваат. Ќе нема никаква драма, ќе нема никакво расчистување со пучисти“, најави Филипче.
С.Д.











