Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), преку соопштение, посочува дека медиумските работници при извршување на својата професија треба доследно да ги почитуваат професионалните новинарски стандарди и принципи. Ваквата реакцијата на АВМУ е во врска со непристојниот однос на новинарот Невриј Адеми кон министерката за образование и наука, Весна Јаневска.
„Комуникацијата помеѓу новинарите и носителите на јавни функции треба да биде коректна, достоинствена и базирана на заемна почит, со висок степен на професионализам и одговорност. Агенцијата потсетува дека критичкото известување и поставувањето прашања се суштински дел од новинарската работа, но тие треба да бидат формулирани и презентирани во согласност со етичките норми на начин што не навредува, не дискредитира и не создава непотребни тензии“, се наведува во соопштението на АВМУ.











