Нема да дозволам втор ЗНАМ, нема да дозволам повторно отцепување, порача лидерот на СДСМ, Венко Филипче во интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма.
„Во период кога излегуваме со силна критика на власта, аргументираме, разоткриваме нивни криминални дејства, разоткриваме причини за запирање на евроинтегративниот пат, не гледам дека некој дава сугестија или алтернатива, алтернативна опозициска реторика. Нека излезат, нека се кажат тие луѓе кои се, нека ги кажат забелешките. Можеме за се да дебатираме“, истакна Филипче.
С.Д.











