Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

САД бара Украина да се повлече од Донбас

/

пред 195 дена

Сподели преку :

Администрацијата на Доналд Трамп е подготвена да понуди безбедносни гаранции на високо ниво, но само ако Украина се повлече од своите источни територии, односно од Донбас.

Ова го објави во интервју за Ројтерс претседателот Володимир Зеленски, додавајќи дека предлозите за повлекување на украинските сили од Донбас претставуваат сериозни ризици и за земјата и за Европа. Според него, такво сценарио се промовира во дијалогот меѓу САД и Русија како дел од поширока формула за завршување на војната.

Сепак, Зеленски категорично ја отфрла оваа опција, нарекувајќи ја „погрешна“ и „опасна“ бидејќи би ги ослабнала одбранбените позиции на земјата и би создала дополнителни ризици за стабилноста во регионот.

Украинскиот претседател нагласува дека клучните прашања за евентуален мировен договор остануваат териториите и безбедносните гаранции, а според него, САД имаат централна улога како медијатор. Тој повика на самит меѓу земјите за да се разговара за овие теми.

Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин дека Кремљ е отворен за разговори, иако последните состаноци во Мајами не доведоа до никаков пробив по клучните прашања.

-Го поздравуваме продолжувањето на напорите на американската страна насочени кон обезбедување услови за постигнување решение во Украина.
Па, ако зборуваме за тоа дали се приближуваме или не кон решение, секоја рунда разговори е чекор кон наоѓање формула за решение, а за нас ова значи формула што ги зема предвид нашите интереси. Очекуваме САД да продолжат да ги нудат своите добри услуги и ние остануваме отворени за разговори, изјави Песков.

Рускиот претседател Владимир Путин бил подготвен да разгледа вистински преговори за ставање крај на војната во Украина поради влошената економска состојба во земјата, но ескалацијата на Блискиот Исток ја промени таа динамика, тврди рускиот новинар Михаил Зигар во статија за „Њујорк тајмс“.

Според него, до крајот на февруари Кремљ разгледувал промени во својот преговарачки тим, вклучително и можна замена на претставникот во разговорите со Киев, Кирил Дмитриев, со шефот на Роснефт, Игор Сечин, долгогодишен сојузник на Путин.

Ова сигнализирало можна промена во пристапот на Москва кон преговорите. Исто така, се дискутирало за кадровски промени во руската влада. Авторот тврди дека почетокот на војната меѓу САД, Израел и Иран довел до остра промена на ситуацијата.

Зголемувањето на цените на нафтата и слабеењето на притисокот од санкциите врз рускиот енергетски сектор, како и несогласувањата меѓу Европа и САД во врска со конфликтот со Иран, го намалиле притисокот врз Кремљ да бара договор.

Билјана Ставрова