Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дентон: Светот е на праг на „најтешката индустриска криза во поновата историја“

/

пред 193 дена

Сподели преку :

Војната на САД и Израел против Иран може да ја предизвика „најтешката индустриска криза во поновата историја“, предупредува генералниот секретар на Меѓународната трговска комора Џон Дентон.

–  Светот се соочува со енергетска криза посериозна од нафтените шокови во 1970-тите – рече Дентон.

– Од деловна перспектива, веруваме дека ова дополнително може да стане најлошата индустриска криза во поновата историја – не само поради наглото зголемување на цените на енергијата, туку и затоа што самото индустриско производство е нарушено и дислоцирано поради недостиг на гас и други суштински компоненти – додаде тој.

Дентон ова предупредување го кажа за време на својот говор  во пресрет на состанокот на министрите на Светската трговска организација во Јаунде, Камерун.