Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ММФ со порака до Владата: Потребни се мерки за консолидирање на пензискиот систем

/

пред 193 дена

Сподели преку :

Директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ), Никола Мемов, оствари средба со Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во земјава, предводена од шефот на истата, Ник Гигинеишвили. Фокусот на состанокот биле одржливоста на пензискиот систем и потребата од негово консолидирање.

Како што соопштија од ПИОМ, на средбата се разговарало за долгорочните проекции за пензиите, демографските притисоци и можните политики за подобрување на финансиската стабилност на системот, вклучително и усогласувањето на пензиите.

Мемов посочил дека по формирањето на Одделението за долгорочно планирање во Фондот, активно се изработуваат анализи за состојбите, како и проекции и предлози за зајакнување на финансиската солвентност и одржливоста на пензискиот систем.

Од своја страна, Гигинеишвили нагласил дека ММФ ја следи макроекономската и монетарната состојба во земјата, при што за пензискиот систем нагласил дека е важен дел од пошироката економска слика.

Според проценките на ММФ, неопходно е што поскоро да се преземат мерки за консолидирање на пензискиот систем, порака што Мисијата ќе ја пренесе до Владата за време на посетата.

Соговорниците се согласиле дека во наредниот период е потребна координирана активност на сите релевантни институции, вклучително и Светската банка, со цел обезбедување финансиски стабилен Фонд и долгорочно одржлив пензиски систем.

Т.Д.