Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кризата со Иран ја чини ЕУ милијарди евра

/

пред 192 дена

Сподели преку :

Европската комисија во работниот документ доставен пред состанокот со државите од евризоната предупредува дека Унијата се соочува со можни прекини во снабдувањето со енергија.

Во првите 17 дена од кризата со Иран, ЕУ потрошила околу шест милијарди евра повеќе за увоз на фосилни горива. Иако обновливите извори покриваат 48 отсто од потрошувачката на струја, транспортот останува силно зависен од увозот, поради што ЕК смета дека е итно забрзување на транзицијата кон електрифицирана економија.

Комисијата нагласува дека нискојаглеродната електрификација е единствено трајно решение за енергетската сувереност на Европа.

Како краткорочни мерки се предлага директна поддршка за најранливите домаќинства и индустрии, но под услов тие да бидат привремени и да не го поттикнуваат прекумерното трошење.

Одговорот на ЕУ мора да биде координиран, а буџетските трошоци ограничени за да не се загрози фискалната одржливост на земјите членки.