Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мисија за враќање на бродскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец

/

пред 194 дена

Сподели преку :

Обединетите Арапски Емирати им соопштија на своите сојузници дека се подготвени да учествуваат во мултинационална поморска мисија за враќање на бродскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец, објави „Фајненшл тајмс“.

Според медиумските извори, ОАЕ им соопштиле на САД и другите западни земји дека ќе се приклучат на иницијативата, а две од нив укажуваат дека Абу Даби е подготвен да распореди сопствена морнарица.

Ова го одразува построгиот став на земјата кон Иран, откако ги претрпе последиците од одмаздничките акции на Техеран.

Фокусот е на создавање на најширока можна меѓународна коалиција.

ОАЕ, исто така, соработуваат со Бахреин на резолуција на Советот за безбедност на ОН за мандат на идните сили, но Русија и Кина веројатно ќе се спротистават на тоа.