Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Викендот преминуваме на летно сметање на времето – стрелките на часовникот ќе се поместат во недела во 2 часот наутро

/

пред 194 дена

Сподели преку :

Викендот преминуваме на летно сметање на времето. Стрелките на часовникот во ноќта сабота кон недела ќе се поместат еден час напред и наместо 2, ќе биде 3 часот. Тоа значи еден час помалку спиење, но подолги денови и повеќе дневна светлина во попладневните часови.

Промената на времето кај нас, како и во повеќето европски земји, се случува двапати во годината и тоа последниот викенд во март кога почнува летното сметање на времето и последниот викенд во октомври кога почнува зимското сметање на времето.

Годинава летното сметање на времето ќе трае до 25 октомври во 3 часот по полноќ

Одлуката за воведување на летното сметање на времето е согласно Законот за сметање на времето („Службен весник на Република Македонија“ бр.17/96 и 16/97) и согласно европски директиви.

Освен кај нас, летното сметање на времето ќе го применат и поголем дел од европските земји, освен Русија, Турција, Белорусија и Исланд. Сезонското менување на времето, покрај во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот.

Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа укинување на сезонското поместување на времето од 2021 година. Но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука, па не е сосема сигурно кога ќе биде последното поместување на часовниците.

Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент.