Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мете Фредериксен започнува преговори за формирање на коалициска влада во Данска

/

пред 194 дена

Сподели преку :

Данската премиерка Мете Фредериксен и нејзината Социјалдемократска партија денеска започнаа преговори за формирање коалициска влада, со цел да го обезбедат својот трет владин мандат и покрај тешкиот пораз на владејачкиот коалициски блок на изборите во вторникот.

Аналитичарите проценуваат дека преговорите за формирање коалициска влада ќе бидат комплицирани, бидејќи е потребно да се постигне консензус меѓу многуте мали групи во парламентот од 12-те партии кои презентираа различни цели во изборната кампања, објавија британските медиуми.

Фредериксен веќе има две левичарски групи на своја страна – Социјаллибералната партија и Зелената левица.

Фредериксен поднесе оставка до данскиот крал Фредерик во средатa кога стана јасно дека нејзината двопартиска коалиција повеќе не може да владее. Данскиот крал ја замоли да ги води преговорите за формирање нова владејачка коалиција со две левичарски партии, објави кралската палата.

Аналитичарите велат дека резултатите од изборите го покажаа незадоволството на јавноста поради зголемените трошоци за живот, иако Данците ѝ оддадоа признание на Фредериксен за спротивставувањето на американскиот претседател Доналд Трамп откако тој се закани дека ќе го анектира Гренланд, која е данска автономна територија.