Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мерц: Потезите на Трамп се опасна ескалација со неизвесен исход

/

пред 193 дена

Сподели преку :

Германскиот канцелар Фридрих Мерц упати остри критики до американскиот претседател Доналд Трамп, оценувајќи дека неговите постапки во врска со конфликтот во Иран претставуваат „огромна ескалација“, а не обид за мир, пренесува агенција ДПА.

На конференцијата на весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, Мерц изрази сомнеж дека целта на Вашингтон е промена на режимот во Техеран.

„Она што Трамп го прави во моментов не е изнаоѓање мирно решение, туку ескалација со неизвесен исход. Ако целта е смена на режимот, не верувам дека ќе ја постигнат, бидејќи таквите обиди во минатото најчесто пропаѓаа“, нагласи германскиот канцелар.

Тензиите меѓу Вашингтон и Берлин се зголемија откако Трамп ја критикуваше Германија за нејзиното одбивање да помогне во обезбедувањето на Ормуската Теснина. Трамп ги оцени како „неумесни“ изјавите на германските претставници дека конфликтот во Иран „не е нивна војна“. Слични ставови деновиве, покрај Мерц, изнесоа и министерот за одбрана Борис Писториус и вицеканцеларот Ларс Клингбајл.