Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Војната во Иран го поскапе вештачкото ѓубриво – загриженост од зголемување на цените на храната

/

пред 193 дена

Сподели преку :

Војната во Иран предизвика скок од 30 до 40 отсто на цените на минералните ѓубрива од почетокот на годината, што претставува директна закана за меѓународните цени на храната, предупредуваат германските експерти, пренесува агенцијата ДПА.

Филип Шпине, извршен директор на германското здружение „Рајфајзен“ (DRV), истакна дека цените на азотните ѓубрива на светскиот пазар се приближуваат до рекордните нивоа забележани по почетокот на руската инвазија врз Украина во 2022 година.

Иако европските потрошувачи сè уште не го почувствувале директно овој ефект бидејќи многу фармери веќе ги купиле резервите за пролетната сеидба, Баварското здружение на фармери предупредува дека доколку војната продолжи, производствените трошоци и цените на производителите неминовно ќе пораснат.

Главниот двигател на поскапувањето се високите цени на енергенсите, со оглед на тоа што гасот учествува со дури 90 отсто во трошоците за производство на амонијак и азот. Германското здружение на аграрната индустрија посочува дека ако земјоделците почнат да користат помалку ѓубриво поради високите цени, тоа директно ќе се одрази негативно врз приносите на посевите.