Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Не минаа тужбите на академците за судии и обвинители

/

пред 193 дена

Сподели преку :

Управниот суд ги отфрли тужбите на кандидатите за идни судии и јавни обвинители против Академијата за судии и јавни обвинители. Триесетина несудени академеци тужеа, затоа што управниот одбор на Акадмеијата го поништи огласот за генерацијата која беше заглавена на приемен испит. Управен оценил дека со тужбите не се оспорува поединечен управен акт и не може да се води управен спор.

Еден од тројцата судии во советот е судијата Александар Чичаковски, кој истовремено е член и на комисијата за приемен испит. Судијата Чичаковски за Телма потврди дека двапати барал изземање, но бил одбиен по што писмено го известил и Судскиот совет.

Но, од судот сметаат дека нема повреда во тоа што истиот судија бил и во комисијата и во советот. Велат оспорената одлука е донесена од управниот одбор на Академијата, а не од Комисијата за приемен испит, односно судијата не учествувал во донесување на таа одлука.

„Во предметната управно-судската постапка не е оспорена одлука за селекција на кандидати, односно акт кој што е донесен со мериторно одлучување на Комисијата во која членувал судијата, како што се одлуки поврзани со резултатите од испитите, ранг листи или други дејствија за кои е надлежна Комисијата за приемен испит. Напротив, предмет на управно-судската постапка се тужби со предлози за издавање на времени мерки од тужителите против Одлука на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ (бр.02-428/4 од 25.12.2025 година), односно Одлука за поништување на оглас од финансиски причини“, соопштија од Управен суд.   

Следна станица на кандидатите за судии и обвинители е Вишиот управен суд.

Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители на крајот на 2025 година го поништи и огласот за прием и обука на 130 судии и јавни обвинители од 2023-тата, а меѓу главните причини за ваквата одлука беа посочени необезбедените финансии и променетите услови во законите.

Процесот за прием на нови академци беше стопиран во предизборието во 2024-тата година, по претставка на тогашната кандидатката за претседател Гордана Сиљановска Давкова. Антикорупциска одлучи дека постапката е спротивна на изборниот законик. По изборите, Акадмеијата бараше, но не доби финансиски средства да продолжи оваа генерација.

Академијата, чија основна цел е да обучува нови судии и обвинители, тоа не го прави повеќе од една година. Ова се случува во време кога правосудството постојано се жали на недостиг на судии и обвинители, а за да излезе нова генерација на судии и обвинитeли се потребни најмалку две до три години.

Елена Ивановска Мукоска