Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Општини без струја, зголемени водостои – последици од невремето во делови на БиХ

/

пред 193 дена

Сподели преку :

Босна и Херцеговина е погодена од повеќедневно невреме и снежни врнежи кои предизвикаа значителни проблеми во снабдувањето со електрична енергија во делови од земјата.

Како што се наведува во соопштението на Електростопанство на БиХ, најтешка е состојбата во северозападниот дел на земјата, односно на подрачјето на Унско-санскиот кантон, каде повеќе градови се без напојување со електрична енергија.

Локалните медиуми известија дека во Унско-санскиот кантон пожарникарите се борат со последиците од олујното невреме кое на патиштата собори бројни дрвја, а некои подрачја останаа и без телефонски сигнал.

Струја нема ниту на подрачјето на Бјелашница и Игман кај Сараево, а прекини во снабдувањето со електрична енергија се пријавени и на подрачјето на општините во централниот дел на земјата како Вареш, Олово, Завидовиќи и Маглај, како и Жепче и во Херцеговина на подрачјето на Коњиц.