Обвинителката Трајчева која го застапува обвинението за полициските службеници за пожарот во дискотека „Пулс“ во Кочани да се врати на случајот. Нејзиниот неизбор од Советот на јавни обвинители отвора сериозни прашања и оправдана загриженост кај семејствата на 63-те загинати млади луѓе во кочански „Пулс“, порачаа денеска на 39-тиот „Марш за ангелите“.
Родителите побараа одговори и од Судска медицина на прашањето дали се направени хемиските анализи за присуство на цијанид и дали тоа е една од причината за смртта на нивните деца.











