Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Скопје утре под посебен режим на сообраќај поради атлетска трка

/

пред 193 дена

Сподели преку :

Во Скопје утре од 10 часот ќе има посебен режим на сообраќај поради атлетска трка.

„Утре со почеток во 10 часот, во Скопје, ќе се одржи атлетска трка на 10 км. со траса на движење од Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот на манастирот Св. Пантелејмон и обратно“, соопшти МВР.

Министерството за внатрешни работи посочува дека Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.