Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Четири пријави за семејно насилство во 24 часа, приведени две лица

/

пред 193 дена

Сподели преку :

Две лица се лишени од слобода во изминатото деноноќие поради семејно насилство, а министерството за внатрешни работи (МВР) регистрирало вкупно четири пријави во Крива Паланка, во Куманово, во Прилеп и во Тетово.

„Полициски службеници од ОВР Крива Паланка вчера во 20:55 часот го лишиле од слобода И.С. (48) од Крива Паланка, затоа што во семејниот дом физички ги нападнал неговата сопруга, синот и снаата. Исто така, полициски службеници од СВР Куманово вчера го лишиле од слобода Т.Ј. од Куманово, затоа што физички ја нападнал неговата 35-годишна сестра. Во текот на вчерашниот ден во 15:10 часот во ОВР Прилеп, 21-годишник од Прилеп пријавил дека бил физички нападнат од неговиот брат Б.С. Во СВР Тетово синоќа 30-годишна жена од Тетово пријавила дека С.К. (30) од Скопје, со кого претходно била во вонбрачна заедница, во текот на февруари и март 2026 година во повеќе наврати ја следел и ѝ испраќал пораки со навредлива содржина, а околу 23:15 часот бил забележан во близина на нејзиното работно место во Тетово“, соопшти МВР.

Од МВР информираат дека преземаат мерки за расчистување на случаите и најавуваат дека по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.