Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тргнале од Либија кон Грција, попатно се загубиле и останале без храна и вода – спасени 26 мигранти, 22-ца починале

/

пред 193 дена

Сподели преку :

Дваесет и шест мигранти биле спасени во близина на грчкиот остров Крит во обид со чамец да стигнат до грчкиот брег, соопшти крајбрежната стража на Грција. Според нив, во чамецот кој тргнал од либискиот град Тобрук на 21 март имало вкупно 48 патници, но попатно загубиле ориентација и шест дена биле без храна и вода на отворено море, пришто 22 лица загинале.

Крајбрежната служба била информирана дека во морската област на 52 наутички милји јужно од Крит, гумениот чамец со мигранти е во неповолна положба, при што на помош пристигнал брод на Фронтекс и спасил 24 мажи, една жена и едно дете, кои биле пренесени на пристаниште, а двајца од спасените биле транспортирани во болница за укажување медицинска помош.

„Според мигрантите, чамецот тргнал во вечерните часови на 21 март 2026 година од Тобрук, Либија, кон Грција. Како што произлезе од предистражниот процес, првично во чамецот имало вкупно 48 лица. За време на патувањето ја изгубиле ориентацијата и шест дена останале на море без вода и храна. Според изјавите на спасените, 22 лица ги загубиле животите поради тешките услови и исцрпеност, а нивните тела биле фрлени во морето по наредба на еден од криумчарите. За транспортот до Грција, мигрантите платиле 1.000.000 бангладешки така, 10.000 американски долари и 12.000 либиски динари“, се наведува во соопштението на крајбрежната служба на Грција.

При истрагата, уапсени се двајца државјани од Јужен Судан на возраст од 19 и 22 години кои биле идентификувани како криумчари, а обвинети се за нелегален влез во земјата, олеснување на нелегална миграција, соучесништво, изложување со смртни последици и убиство од небрежност.