Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пезешкијан со порака до земјите на Блискиот Исток: Не дозволувајте да се води војна од вашите територии

/

пред 193 дена

Сподели преку :

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан им порача на земјите од регионот на Персискиот Залив дека, „ако сакаат развој и безбедност“, не треба да дозволат иранските непријатели да водат војна од нивните територии.

Пезешкијан во објава на платформата „Икс“ истакна дека иранските власти „повеќепати нагласиле дека Иран не изведува превентивни напади“, но дека, како одговор на напади врз инфраструктурата и економските центри, ќе даде „решителен и разорен одговор на агресорот“.

„Им порачувам на земјите од регионот: ако сакате развој и безбедност, не дозволувајте нашите заеднички непријатели да оркестрираат војна од вашите територии“, заклучи Пезешкијан.