Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Шест хокеари не ја продолжуваат сезоната во НХЛ

/

пред 2274 дена

Сподели преку :

До овој момент шест хокеари најавија дека нема да им се приклучат на своите тимови во продолжението од сезоната.

Први кои во пресрет на подготовките се повлекоа од своите тимови се Свен Берчи од Ванкувер и Тревис Хамоник од Калгари, а од вчера им се приклучија уште хокеарот на Едмонтон, Мајк Грин, Роман Полак од Далас, играчот на Монтреал, Карл Алзнер и Стивен Кемпфер од Бостон.

Сите стравуваат за своето, но и здравјето на најблиските, а Кемпфер истакна дека неговата сопруга и синот имаат вродени проблеми со срцето и евентуалната инфекција со Ковид 19 за нив може да биде исклучително тешка.

Сезоната во НХЛ продолжува на први август, а мечевите ќе се играат во Едмонтон и Торонто.