Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тепани полицајци во дискотека во Скопје

/

пред 192 дена

Сподели преку :

Независниот синдикат на полицијата реагира за инцидент кој се случил синоќа во дискотеката ,,Пјур“ (Pure) во Скопје. Биле нападнати двајца полицајци од пијани гости пришто добиле и тешки телесни повреди. Но, како што велат од синдикатот, запрепастени се од одлуката на обвинителството насилниците да бидат ослободени и да не бидат изведени пред суд по итна постака, иако првично биле дадени насоки за тоа.

Според информациите на синдикатот, таквата одлука била променета откако интервенирал висок функционер од Владата, па бил променет и обвинителот. Во настанот дополнително бил вклучен и одделот за внатрешна контрола која наместо вина кај напаѓачите, сега ја истражува за работата на полицајците.

Инаку од обвинителството велат дека до овој момент не е доставена кривична пријава. По инцидентот е констатирана телесна повреда кај еден од полициските службеници и тешка телесна повреда кај еден од другите учесници во настанот. Ги негираат обвинувањата за промената на обвинителот.

Појаснуваат дека постапувале двајца обвинители кои биле дежурни на критичниот ден од кои едниот има надлежност да постапува по сомненија за кривични дела за кои е предвидена казна затвор до пет години, додека другиот може да презема дејствија и за потешки кривични дела.