Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кенеди: И вујко ми ја разбираше употребата на моќта, но Трамп ја разбира подобро од сите претседатели на САД од Рузвелт наваму

/

пред 191 дена

Сподели преку :

Американскиот министер за здравство Роберт Ф. Кенеди Помладиот раскажа необична анегдота за претседателот Доналд Трамп, тврдејќи дека тој може прецизно да ги нацрта границите на државите на Блискиот Исток.

Говорејќи на конзервативната конференција CPAC, Кенеди рече дека за време на изборната кампања патувал со Трамп во авион, каде разговарале за Сирија.

„Седевме еден спроти друг, јадевме „Мекдоналдс“, јас пиев диетална кола. Тој ја зеде подлогата, ја сврте и со маркер нацрта совршена мапа на Блискиот Исток, потоа ја означи силата на трупите на секоја земја долж границите“, изјави Кенеди.

Во продолжение на говорот, Кенеди го пофали претседателот на САД, истакнувајќи дека поседува „енциклопедиско, речиси, молекуларно знаење“ за широк спектар теми – од музика и театар до спорт и бизнис.

„Мојот вујко Џон Кенеди ја разбираше употребата на моќта подобро од кој било претседател пред него, а верувам дека Трамп ја разбира подобро од речиси сите претседатели што сме ги имале, барем од времето на Рузвелт“, рече Кенеди.