Силни експлозии одекнуваат во Техеран, објави „Би-Би-Си“, повикувајќи се на четири свои извори.
Два од нив наведуваат дека делови од иранската престолнина се без струја, како и во блискиот град Караџ.
Иранските медиуми, исто така, известуваат за прекин на електричната енергија во поедини делови во двата града.











