Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Фото) Иран уништи американски Авакс во Саудиска Арабија, објавија медиуми во САД

/

пред 192 дена

Сподели преку :

Американски авион Е-3 Сентри Авакс е уништен во ирански ракетен и беспилотен напад врз воздухопловната база „Принц Султан“ во Саудиска Арабија кој се случил на 27 март. Во нападот беа ранети над 10 американски војници од кои двајца потешко, а оштетени биле и авиони за танкирање гориво во воздух, пишува Дифенс Индустри Јуроп (Defense Industry Europe). Веста ја објавија и американските медиуми „Фокс Њуз“ и „Волстрит Журнал“.

Портпаролот на американската Централна команда одби да го коментира нападот. Фотографијата што ја анализира магазинот „Ер&Спејс Форсис“ (Air&Space Forces) наводно прикажува значителна штета на авион Е-3 во базата, но нивото на оштетување не е независно потврдено.

Ако информациите се потврдат, официјални лица велат дека штетата би можела да биде непоправлива. Според неофицијални податоци, пред нападот во базата биле паркирани шест Авакси.

Авионите Авакс имаат главна улога во американски воздушни операции уште од 70-тите години на минатиот век, овозможувајќи командување, надзор, а поседуваат и разузнавачки, надзорни и извидувачки способности. Овој тип на авиони имаа интензивна примена во воени операции како „Пустинска олуја“, војната во Косово, како и операциите во Ирак, во Авганистан и против Исламска државва.