Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Бизнис Објектив“: Како да се задржи инфлацијата под контрола?

/

пред 187 дена

Сподели преку :

Ризиците од забрзан раст на инфлацијата во следниот период се сè поизвесни. Иако во февруари годишната стапка на инфлација во Македонија беше 2,9 отсто, сега конфликтот на Блискиот Исток и прекините во снабдувањето со енергенти од земјите од Заливот се опасност за ново разгорување на инфлаторните притисоци.

Високите цени на енергенсите бргу се манифестираат и многу долго потоа се пренесуваат на останатите производи. Затоа, препораките се сериозно да се размислува за справување со втората рунда од ударот и стратешки да се делува. Не постои генерално правило бидејќи секоја економија секторски е во различна кондиција. Освен тоа, јавниот долг има сериозна улога во тоа колкав е државниот капацитет за делување. Колку долгот е повисок, толку неизвесноста е поголема, а просторот за маневри помал.

Народната банка засега ги задржа непроменети каматните стапки и најави претпазлива монетарна политика во услови на сè поголема светска неизвесност. Што ќе значи тоа за стандардот на граѓаните и за домашната економија?