Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Со проекција на филмот „Склоност кон пораз” на Лени и Арпо Гит започна традиционалната Недела на франкофонски филм

/

пред 187 дена

Сподели преку :

Во рамки на Месецот на франкофонијата филмската уметност секоја година привлекува различни генерации. Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција, во соработка со Амбасадите на земјите-членки на Меѓународната организација на Франкофонијата и годинава ја организираат традиционалната Недела на франкофонски филм разоткривајќи различни сензибилитети.

  • Да се покаже каква е разноликоста на творештвото во франкофонскиот простор. Во текот на оваа недела на француски филм ќе имаме повеќе филмови од Швајцарија, Франција, Албанија, Канада и Грција. Исто така е интересно да се покаже еден простор на вредности кој може да произведува филмови кои се многу различни, документарни, драми и да покаже различни сензибилитети преку уметнички израз како што е филмот, меѓутоа којшто може да даде најразлични производи. Исто така многу важно е за нас како Франција затоа што имаме традиција да се даде поддршка на филмското творештво со бројни копродукции. Вечерашниот филм е белгиско- француска копродукција и важно е да се промовира тој авторски филм, да се промовира на публиката нешто што е различно во однос на американските блокбастери и ја претставува таа разновидност од којашто сите имаме потреба- изјави Кристоф Ле Риголер, Амбасадор на Франција.
  • Се разбира дека со големо задоволство учествуваме во Неделата на франкфонски филм поради тоа што Белгија е повеќејазична зборуваме германски, холандски и француски. Ние сакаме да придонесеме на сите фестивали коишто се лингвистични и сме задоволни. Бевме тука минатата година, тука сме сега и ќе бидеме и следната година- рече Пол Ламбер, Амбасадор на Белгија во Софија.  

Фестивалот ќе биде затворен со проекција на филмот „Марија, кралицата на Романија“ во организација на Амбасадата на Романија.

Нина Стефанова

Б.С.