Под влијание на циклонска активност ќе има врнежи кои наместа ќе бидат пообилни (над 20 l/m²). Поради спуштање на ладна воздушна маса, на планините и некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во снег. Ќе дува засилен повремено силен ветер кој наместа ќе достигнува и над 70 km/h.
Во Скопје, претежно облачно со врнежи од дожд. Ќе дува засилен до силен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 0 до 6°C, а максимумот од 8 до 13°C.
Информација од ова утро 31.3.2026
Минимална температура (во °C)
-2 Попова Шапка, 0 Лазарополе, Mаврови Анови, Претор, 1 Охрид, Берово, Kрушево, Ѓуриште, 2 Пожаране, Радовиш Пожар, 3 Крива Паланка, Битола, Тополчани, 4 Прилеп, 5 Тетово, Куманово, Штип, 6 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Велес, Демир Капија, Кавадарци, 9 Гевгелија.
Висина на снежна покривка во 8 часот (во см)











