Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЗНАМ со иницијатива: Со возачка од Б категорија да се вози мотор до 125 кубика

/

пред 186 дена

Сподели преку :

Со возачка дозвола од Б категорија да може да се вози мотор до 125 кубика, предлага пратеничката група на ЗНАМ.

Со предлог-законот, што го поднесоа во собранието, сакаат да поттикнат што повеќе граѓани, својот автомобил да го заменат со мотоцикл.

Сметаат дека, така ќе се намалат гужвите во сообраќајот и на паркинзите, а ќе се влијае и на загадувањето на воздухот.

За иницијативата, со која се врши усогласување со регулативата на Европската унија, имаат поддршка и од колегите од владејачкото мнозинство.