Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Судири меѓу полицијата и демонстрантите на протестите во Белград по упадот на полицијата во Ректоратот на Универзитетот

/

пред 186 дена

Сподели преку :

Српската полиција употреби палки вечерва на протестот во центарот на Белград, организиран по повод денешното влегување на полицијата во Ректоратот на Универзитетот.

Полицијата е распоредена во опрема за разбивање демонстрации откако демонстранти фрлаа разни предмети кон нив. Најмалку едно лице е приведено, а некои граѓани тврдат дека се повредени.

Ситуацијата на протестот е тензична и во меѓувреме, распореден е и полициски кордон пред зградата на Ректоратот, не дозволувајќи им на граѓаните да се приближат.

Протест има и пред зградата на Ректоратот на Универзитетот во Нови Сад во знак на поддршка на Универзитетот во Белград.

Припадници на Управата за криминалистичка полиција (УКП) претпладенто влегоа во просториите на Ректоратот на Универзитетот во Белград по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, а како дел од истрагата за смртта на 25-годишна студентка на Филозофскиот факултет во Белград.

Полицијата го ограничи влезот во Ректоратот, а на ректорот Владан Ѓокиќ му беше дадена наредба од Високиот суд во неговата канцеларија за претрес на просториите на таа високообразовна институција како дел од истрагата.

По тој чин, студентите упатија попладнево повик преку социјални мрежи за протест на Студентскиот плоштад во Белград.