Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трет неуспех по ред: Италија пак елиминирана, Босна на СП 2026 (ВИДЕО)

/

пред 186 дена

Сподели преку :

Босна и Херцеговина вечерва во Зеница ја елиминираше Италија по изведување пенали во финалниот бараж и се пласираше на Светското првенство 2026.

„Аѕурите“, четирикратни светски шампиони, ќе го пропуштат третиот Мундијал по ред, откако во 2018 беа елиминирани од Шведска, а во 2022 од Македонија.

Италија подобро го отвори натпреварот и поведе преку Мојзе Кин во 15. минута. Сепак, ситуацијата за гостите значително се искомплицира во финишот на првото полувреме, кога Алесандро Бастони заработи директен црвен картон во 41. минута.

Босна и Херцеговина го искористи играчот повеќе и израмни на 1-1 во 79. минута преку Харис Табаковиќ.

И покрај играч помалку, Италија создаде неколку добри шанси, но резултатот не се промени до крајот на регуларниот дел, ниту во продолженијата.

Во пенал-серијата, Италијанците потфрлија – Пио Еспозито не реализираше во првата серија, а Брајан Кристанте промаши во третата. Босанците беа сигурни од белата точка и со победа од 4-1 изборија пласман на своето второ Светско првенство во историјата, прво по 2014 година.

Пласман на Мундијалот преку пенали обезбеди и Чешка, која ја елиминираше Данска. Натпреварот по 90 минути заврши 1-1, а во продолженијата двете селекции постигнаа по еден гол. Во пенал-рулетот, Чесите славеа со 3-1.

На Светското првенство се пласираа и Турција, која славеше со 0-1 на гостувањето кај Косово во Приштина, како и Шведска, која со 3-2 ја елиминираше Полска.