Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Артемис II успешно лансирана, мисија во орбита околу Земјата

/

пред 188 дена

Сподели преку :

Вселенското летало од мисијата „Артемис 2“ успешно полета и моментално орбитира околу Земјата, означувајќи важен чекор во враќањето на луѓето на Месечината.

Лансирањето беше спектакуларно, со силен потисок што можеше да се почувствува и на самото место, додека екипажот во леталото „Орион спејскрафт“ испрати први снимки од вселената.

Во наредните 24 часа, астронаутите ќе спроведат серија технички проверки за да се утврди дали системите функционираат беспрекорно.

Доколку сè помине според планот, мисијата ќе добие зелено светло да продолжи кон Месечината, каде што екипажот ќе ја обиколи без слетување во текот на 10-дневната експедиција.

Иако лансирањето се соочи со одредени технички предизвици пред полетувањето, мисијата засега се одвива успешно… Според НАСА, екипажот е безбеден, во одлична состојба и расположен.

Ова патување може да ги однесе астронаутите подалеку од Земјата отколку што човек некогаш патувал, што претставува историски момент за вселенските истражувања.

Се е подготвено за стартот на Артемис 2 на НАСА- прва мисија со човечки екипаж кон месечината по 1972-та година