Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Светска Банка предупредува на економски последици од војната во Иран

/

пред 186 дена

Сподели преку :

Светска банка изрази сериозна загриженост за економските последици од војната во Иран, предупредувајќи на раст на инфлацијата, губење работни места и нарушување на снабдувањето со храна.

Според институцијата, кризата веќе има глобално влијание и бара координиран меѓународен одговор.

Извршниот директор Паскал Донохо изјави дека се водат интензивни консултации со земјите членки за утврдување на приоритетите.

Тој посочи дека во наредните недели ќе стане појасна сликата за обемот на економските последици од конфликтот. Меѓувреме, најавено е партнерство со Меѓународен монетарен фонд и Меѓународна агенција за енергија за координиран одговор.

Најпогодени се земјите од Азија и Африка, кои се особено ранливи на енергетски и ценовни шокови.