Полициски службеници од СВР Скопје вчера го привеле вработен во Секторот за општи и заеднички работи на МВР.
Тој се движел во спротивна насока на улица и претекнувал колона возила на крстосницата од ул. „Јордан Мијалков“ со ул. „Димче Мирчев“ во Скопје, информира МВР.
Од таму додаваат дека при запрењето, лицето се претставило како вработен во МВР и не поседувал лична карта. Потоа агресивно се однесувал и му се заканувал на полицискиот службеник кој го застанал.
По приведувањето, случајот е пријавен во Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, а против приведениот полицаец се поднесени соодветни поднесоци по законите за безбедност на сообраќајот, прекршоците против јавниот ред и мир и Законот за лични документи.











