Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Брнабиќ: Ќе го молиме Вучиќ да се кандидира за премиер на Србија

/

пред 189 дена

Сподели преку :

Претседателката на српското Собрание Ана Брнабиќ најави дека е можно актуелниот претседател на Србија Александар Вучиќ,  на вонредните парламентарни избори,  повторно да се кандидира за премиер.

„Ние од  СНС се надеваме и ќе разговараме со него. Тоа на крај ќе биде негова одлука но ќе разговараме со него и ќе го молиме тој да биде наш кандидат за претседател на владата. Дали ќе сака или не, ќе видиме“, рече Брнабиќ во интервју за РТС.

Вучиќ кој го завршува вториот претседателски мандат, според Уставот на Србија, нема право да се кандидира за нов трет мандат.

Пред да биде избран за претседател, Вучиќ беше и премиер на Србија.

Опозицијата и студентите во Србија подолг период бараат вонредни парламентарни избори и го обвинуваат Вучиќ дека одолговлекува со нивното распишување.