Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Внимавајте, можни се напади во Албанија – амбасадата на САД во Тирана со предупредување на своите државјани

/

пред 188 дена

Сподели преку :

Амбасадата на САД во Тирана издаде безбедносно предупредување за можни закани поврзани со групи блиски до Иран. Притоа се посочуваат потенцијални мети ширум Албанија, како туристички локации, трговски центри, хотели и ресторани, каде се собираат голем број на луѓе.

Во соопштението се наведува дека групи поврзани со Иран би можеле да изведат напади врз објекти и организации поврзани со САД или иранската опозиција во Албанија.

Американската амбасада ги повика своите државјани во Албанија да бидат особено внимателни и да го следатразвојот на ситуацијата. На граѓаните се советува да бидат внимателни, да ги следат локалните медиуми, да обрнат внимание на опкружувањето, однапред да ги разгледаат личните безбедносни планови, мобилните телефони секогаш да ги држат полни.