Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Работел во образовна установа, осомничен за дистрибуција на детска порнографија – 31-годишен битолчанец опфатен со акција предводена од австралиската полиција

/

пред 187 дена

Сподели преку :

Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување на истражна постапка против 31-годишен жител на Битола, осомничен за кривично дело производство и дистрибуција на детска порнографија. Како што соопштуваат од обвинителството, случајот е дел од меѓународна истрага за онлајн злоупотреба на деца, што произлегол од акција предводена од Австралиската федерална полиција.

Осомничениот Д.Т., кој во критичниот период бил вработен во образовна установа – основно училиште, од април 2024 година до 1 април 2026 година, на домашни компјутерски уреди набавувал и поседувал материјали со детска порнографија.

Постапката е резултат на предистражни дејствија спроведени во координација меѓу Јавното обвинителство, СВР Битола и Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР. Акцијата произлегла по добиено известување од Австралиската федерална полиција, која спровела меѓународна операција насочена кон откривање веб-страници што служеле за незаконска дистрибуција на ваков тип содржини.

Во рамки на акцијата, австралиските служби идентификувале корисници кои пристапувале до спорните веб-страници преку конкретни ИП адреси, при што биле регистрирани и адреси поврзани со Република Северна Македонија. За добиените сознанија било испратено официјално известување до македонските надлежни органи.

Од обвинителството соопштија дека продолжуваат проверките и во Скопје и во други градови, со цел целосно расчистување на сите идентификувани случаи поврзани со оваа меѓународна истрага.

За осомничениот битолчанец, до Основниот суд во Битола е доставен предлог за определување мерка притвор.