Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

УЈП апелира: За „е-Фактура“ користете само официјални информации

/

пред 186 дена

Сподели преку :

Управата за јавни приходи информира дека активно работи на реализација на проектот „е-Фактура“, при што во тек е тестирањето на системот за електронско фактурирање и сервисите за директна интеграција (API).

Од институцијата ги повикуваат сите компании што развиваат или користат системи за фактурирање да се вклучат во оваа фаза, со цел навремена подготовка пред задолжителната имплементација.

Воедно, од УЈП предупредуваат дека во јавноста се појавуваат субјекти кои нудат обуки и консултантски услуги поврзани со „е-Фактура“, но нагласуваат дека единствено институцијата обезбедува официјални информации, насоки и обуки. За сите други извори, УЈП не презема одговорност и апелира компаниите да се информираат исклучиво преку официјалните канали.

Дополнително, за поддршка на компаниите се ангажирани даночни агенти кои веќе воспоставуваат контакт и нудат стручна помош. Сите заинтересирани страни можат да поставуваат прашања на електронската адреса [email protected], додека наскоро се очекува да биде овозможено и тестирање на рачен внес на фактури преку веб и клиентска апликација.