Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп му се закани на Иран: Уште 48 часа до пеколот

/

пред 185 дена

Сподели преку :

Претседателот на САД, Доналд Трамп, повторно испрати остра порака до Иран, заканувајќи се со сериозни последици доколку Техеран не се согласи на договор.

Трамп во објавата на социјалната мрежа Truth Social, потсетува на претходниот ултиматум што им го даде на иранските власти во врска со отворањето на Ормуската Теснина.

– Се сеќавате дека му дадов на Иран десет дена да склучи договор или да ја отвори Ормуската Теснина. Времето истекува – уште 48 часа пред целиот пекол да се урне врз нив. Слава му на Бога, напиша Трамп.

Оваа изјава доаѓа во време на зголемени тензии во регионот, по затворањето на Ормуската Теснина и ескалацијата на конфликтот меѓу Иран и САД и Израел.

Соединетите Американски Држави и Израел почнаа да напаѓаат цели во Иран на 28 февруари.

Техеран одговори со одмазднички напади врз Израел и американски воени објекти на Блискиот Исток, а потоа и со затворање на Ормсуката Теснина, клучен воден пат преку кој се одвива транспортот на четвртина од енергенсите во светот.