Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(ВИДЕО) Запленети 65 килограми марихуана кај Градско, приведени две лица

/

пред 185 дена

Сподели преку :

Полицијата пресече транспорт на дрога на автопатот „Пријателство“ во близина на Градско, при што се запленети околу 65 килограми марихуана. Во акцијата, спроведена од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со САЕ „Тигар“, лишени од слобода се две лица.

Сомнителното возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски таблички било забележано кај наплатната рампа Стоби, по што возачот се обидел да избега. По кратка потера, полицијата го запрела возилото и при преглед пронашла четири торби со вкупно 65 кеси со растителна материја, како и мобилни телефони.

Против Ф.Н. (38) од Скопје и Ј.М. (55) од Кавадарци ќе биде поднесена кривична пријава за неовластена трговија со дрога. Запленетата материја ќе биде предадена на форензичко вештачење по наредба на Основното јавно обвинителство Велес.