Зголемена фреквенција на патници и возила е забележана денеска на граничниот премин „Ќафасан“, каде што се формираа долги колони од автомобили. Според информациите, на граѓаните им биле потребни и повеќе од два часа за премин на границата, пишува „Еуроњуз Албанија“.
Околу 80 отсто од патниците се албански државјани кои доаѓаат во Струга и Охрид, искористувајќи го пазарниот ден за набавка на гориво и храна. Причината е пониските цени и, според нив, подобриот квалитет на производите во Македонија.
Како што пренесуваат албанските медиуми, цените на горивата во Албанија се значително повисоки – дизелот достигнува околу 2,2 евра за литар, што дополнително го зголемува интересот за купување во земјава.











