Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека вториот член на екипажот од американски борбен авион соборен над Иран е успешно спасен и се наоѓа во добра состојба. Претходно беше пронајден и пилотот, со што целата екипа е безбедно извлечена.
Според американски медиуми, спасувачката операција вклучувала стотици војници и десетици авиони, додека ЦИА спровела и дезинформациска кампања за да ги доведе во заблуда иранските сили.
Станува збор за сложена и ризична мисија зад непријателски линии.
Меѓувреме, тензиите во регионот продолжуваат да растат, со нови напади и извештаи за жртви во Иран, како и инциденти во Бахреин, Обединетите Арапски Емирати, Либан и Израел.
Иран тврди: Соборивме повеќе „непријателски авиони“ за време на спасувачката мисија на САД











