Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мицкоски: Состојбата со горивата е стабилна, нема ограничувања

/

пред 184 дена

Сподели преку :

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека моменталната состојба со горивата е стабилна и дека нема потреба од какви било ограничувања за граѓаните и бизнисот. На вонредна седница на Владата, акцизите за дизел и безоловен бензин беа намалени, а продолжено е траењето на намаленото ДДВ од 18 на 10 отсто до крајот на кризната состојба.

Мицкоски посочи дека минатата недела потрошувачката достигнала рекордни 2 милиона литри дневно, при што 75% бил дизел, а 25% бензин.

Дополнително, на одредени бензински пумпи на северната, западната и јужната граница потрошувачката се зголемила и до три пати поради граѓани од други држави.

Премиерот додаде дека се очекува дополнителен притисок од странски државјани, особено од Србија, како и од аеродромите во соседните земји кои користат керозин од Македонија.

Тој нагласи дека Владата постапува проактивно, ги следи состојбите и ги носи мерките со цел цените на горивата да останат најниски во регионот.