Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Издржливост, природа и адреналин: Успешно издание на „Водно-Матка треилс 2026“

/

пред 181 дена

Сподели преку :

Денеска се одржа деветтото издание на планинската трка „Водно-Матка треилс 2026“, на која повеќе од 550 натпреварувачи од неколку земји ја тестираа својата издржливост на падините на Водно и кањонот Матка.

Во најтешката дисциплина на 50 километри, во машка конкуренција победи Ерсен Зиберај од Косово, кој патеката ја мина со време од 6 часа, 10 минути и 57 секунди. Зад него финишираа македонските натпреварувачи Иван Спиркоски и Алек Апостоловски.

Кај дамите, триумфираше Ивана Ценериќ од Србија, пред Ивана Најдовска од Македонија, додека третото место го освои Радмила Јованова.

На трката на 30 километри победи Златко Карчески, пред Шпанецот Серхио Албертос Молина, додека трет беше Сашо Богојевски. Во женска конкуренција, подиумот беше целосно македонски – прва беше Вера Урдаревска, пред Марија Остојиќ и Корнелија Тодосова.

На пократката делница од 18 километри победи Ибрахим Мамудов од Македонија, пред Србинот Душан Крстиќ, додека третото место му припадна на Карлос Питарке Торес од Шпанија.

Во женска конкуренција, најдобра беше Александра Оровчанец, пред Александра Ранџеловиќ од Србија, додека третопласирана заврши Сандра Арсовска-Јосифовска.