Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Бизнис Објектив“: Расте интересот за т.н. „брзи“ кредити – само лани се одобриле над 207 милиони евра

/

пред 178 дена

Сподели преку :

За т.н. „брзи“ кредити граѓаните и фирмите до крајот на минатата година должеле сума од 207,5 милиони евра. Задолжувањето со овој тип кредити расте со забрзано темпо, односно за една година бележи зголемување од 20,3 отсто. Но, Министерството за финансии објави дека дел од финансиските друштва во Македонија користеле измамнички трговски практики, односно иако на клиентите им посочувале дека кредитите се со 0% камата, сепак имало скриени трошоци. Од Министерството за финансии не обелоденија за кои финансиски друштва станува збор, но наведоа дека им е посочено да ги испарават неправилностите што може да ги доведат граѓаните во заблуда. А, доколку тоа не го сторат, ќе следуваат казни.