Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Касами: Ако цели студии се полагаат на албански јазик, тогаш треба и правосудниот испит – Мицкоски најавува Комисија од уставни експерти

/

пред 179 дена

Сподели преку :

Комисија од уставни експерти ќе работи на изнаоѓање решение за употреба на албанскиот јазик при полагање на правосудниот испит, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски, по вчерашниот  протест на студентите Албанци на кој побараа да полагаат правосуден испит на мајчин јазик. Тој рече дека мора да се почитуваат и уставот и меѓународните стандарди.

„Факт е дека законот кој е донесен, а тоа е Законот за примена на јазиците, е предизвикан пред Уставниот суд, токму во оној дел „владеењее на право“ и „правосудство“. Факт е дека имаме негативно мислење од Венецијанската комисија кое се однесува за двојазичноста во правосудството. Прво, немаме доволно ресурси за тоа да го имплементираме, а второ, не се гарантира владеење на правото, односно нееднаквост во владеење на правото. Затоа тие силно препорачуваат да се вратиме на законот за јазици од 2008-2009-та година. Истовремено факт е и дека студентите кои изучуваат Правен факултет на својот мајчин, во случајов албански јазик, имаат право да го прават тоа и се дел од образовниот систем во Македонија“, рече Мицкоски.

За присуството на голем број опозициски активисти и функционери на протестот, Мицкоски рече дека ги информирал сојузниците во НАТО и ЕУ за обид на опозицијата да направи дестабилизација што не наишло на одобрување од страна на високи претставници на меѓународната заедница.

Претседателот на БЕСА, Билал Касами рече дека полагањето на правосудниот систем треба да биде на албански, ако сите испити се полагале на албански.

„Ако целите студии се завршени на албански јазик, ќе треба и правосудниот испит да биде на истиот јазик. Работиме во правец на наоѓање на законско решение со кое и оваа проблематика наследена од претходните влади да биде решена“, рече претседателот на БЕСА, Билал Касами.