Во КОД продолжуваме со истрагата за обидот на Дрин Ахмети преку неколку свои фирми да ја земе зградата на Соравија. Но, и за тоа до каде се истрагите поврзани со алатката Скај заради која низ Европа и на Балканот во тек се судења за криминални дела, но и во кои земји пораките разменети меѓу членовите на групите се признaени како доказ од Скај, а каде не се.
Во ова продолжение, КОД открива дека последен и вистински сопственик на Соравиа Инвест е лично Дрин Ахмети преку фирма во Велика Британија. Во шемата се вклучени вкупно 3 странски фирми. Истрагата за случајот со Соравиа Инвест е отворена летото 2023-та, но се уште трае и е активна поради барањето за меѓународна правна помош од САД. Во меѓувреме, лани во јуни е отворен стечај врз фирмата Соравиа инвест и тоа токму и по барање од фирмата на внукот на Али Ахмети, Дрин. Стечајната постапка е во тек и трае правна битка кој ќе ја освои и добие зградата во центарот на Скопје која вреди десетици милиони евра.
До КОД стаса и Демант од адвокатката полномошник како што судот навел во решението за стечај на Соравија Инвест должник и на ТХОР доверител која тврди дека таа во случајот не е полномошник на две спротиставени страни туку на исти-предлагачи за стечајна постапка.
Алатката Скај која се применувала за криптирана комуникација, а е откриена од страна на француските власти се уште предизвикува правни и етички дилеми и кај нас но и пошироко на Балканот и Европа. И додека едни тврдат дека е корисна како доказ за борбата против криминалот други особено бранителите на осомничените или обвинетите лица се со став дека ги нарушува човековите права. Дали доказите собрани во една земја се валидни во друга? КОД на почетокот на употребата на оваа алатка како доказ ги отвори овие дилеми, но еве до каде се случаите поврзани со неа..
Во Македонија се уште нема конечни пресуди за случаи каде се користеле доказите од СКАЈ. Засега, Основиот Кривичен суд прогласи за виновни неколку членови од групата Грчец со над 50 и пол години затвор за купување, транспорт и пуштање на 15 килограми кокаин во оптек низ државата, за убиства и за злосторничко здружување. Има и пресуда од Кривичниот суд против припадници на МВР „злосторничко здружување“, „оддавање службена тајна“ бидејќи според судот ја користеле познатата SKY/ECC апликација.
Во овие предмети, „Скај“ пораките се користат како клучен доказен материјал, а токму тоа го спорат бранителите на осудените.. Тие сметаат дека Скај комуникацијата е само патоказ, но за да се осуди некое лице мора да се прибават и други докази. Адвокатот Сашко Дуковски во интервју за КОД наведува примери во кои земји е оспорена оваа алатка како доказ.
Емисијата премиерно беше прикажана на 05.04.2026. на ТВ Телма.











